Историја
Фудбалски клуб Барселона е славен шпански клуб од градот Барселона, од покраината Каталонија. Клубот е формиран во 1899-тата година од швајцарскиот претприемач Жуан Гампер (Joan Gamper) и од тогаш стана каталонска спортска институција со мотото Més que un club – во превод – повеќе од клуб. Барселона е големо спортско друштво, но најпознат е фудбалскиот клуб. Прекарот на клубот е Барса (Barça) или Блауграна (Blaugrana – сино-црвени).
Клубот мечовите ги игра на стадионот Камп Ноу, со капацитет од 98.000 гледачи. Барселона е клуб со највеќе членови во светот – 156.366. Поседува сопствена банка и радио станица и еден од најбогатите клубови во светски размери.
Барселона е еден од најуспешните фудбалски клубови во светот. Во шпанската Ла Лига имаат 21 титула; за последен пат во 2011. Победници на Кралскиот Куп (Copa del Rey) се 25 пати што е највеќе од сите шпански клубови. Клубот четирипати ја освои Лигата на шампионите на УЕФА.