Барса најомилен, Реал најомразен клуб во Шпанија

 Барса најомилен, Реал најомразен клуб во Шпанија

 

Големото истражување спроведено од спортскиот весник AS покажа дека „кралевите“ се најомразениот, а Барселона најомилениот клуб во својата земја.

Анкетата е спроведена помеѓу навивачите на 20те клубови кои во моментов се дел од Примера. Испитаниците мораа да одговорат кои три клубови им се најомилени, со исклучок на тој за кој навиваат и кои три клубови им се најомразени.

Така дури 51% од испитаниците како најомразен клуб го издвои Реал Мадрид, додека на второто место се најде Барселона со 40% од гласовите. По нив следуваат Севиља со 30%, Атлетико Мадрид (29%) и Атлетик Билбао со 18%.

Најголема омраза Реал предизвикува кај навивачите на Барселона, Атлетико Мадрид, Билбао, Осасуна, Сосиедад, Спортинг Хихон, Валенсија, Виљареал и Сарагоса.

Барселона пак, е најомилена екипа помеѓу навивачите на другите екипи со 44% гласови. Реал ги ужива симпатиите на 37% противнички навивачи, а Атлетико и Валенсија добија по 18% гласови.

Интересно е и да се истакне дека дури 97% од навивачите на Реал како најомразен клуб ја издвоиле Барселона, додека тој процент во обратна насока изнесува пониски 77%.