Давид Виља го постигна 50. погодок за Шпанија

Давид Виља го постигна 50. погодок за Шпанија

Давид Виља го постигна 50. погодок за Шпанија

Напаѓачот на Барселона, Давид Виља веќе има 50 погодоци на своето конто за националниот тим на Шпанија. Фудбалерот постигна погодок во 54. минута при успехот од 3-1 над Шкотска.

Со овој погодок Виља продолжува да биде сам на врвот од листата на најдобри стрелци во дресот на Ла Фуриа Роха, откако го претекна легендарниот Раул Гонзалес. 

Легендарниот голгетер на Реал Мадрид, сега играч на германскиот Шалке 04, Раул останува со 44 погодоци на своја сметка во 102 одиграни натпревари за Фуријата, со оглед на тоа дека Дел Боске не смета на него, со сигурнст Виља уште повеќе ќе ја зголеми разликата на врвот..