Лош ден за Барселона денеска (резултатски)...
Уште еден неуспех на Барса Б. Несреќен пораз од 1:2 во 92 минута од Гуадалахара. Но важно е да се забележи „помошта“ од судиите што ја имавме (не само кај првиот тим). При резултат 1:1 судијата досуди чист пенал (за чудо) врз Рафиња. Серхи Роберто го изведе и постигна гол но судијата овој пат регуларно го поништи, затоа што еден играч на Барса прерано влезе во шеснаесетникот. При повторното изведување Серхи Роберто промаши (одбрани голманот), но на забавената снимка јасно се виде дека двајца играчи на Гуадалахара порано вчегоа во шеснаесетникот, но судијата не го повтори пеналот. Некоја минута подоцна Серхи Роберто (стрелецот на голот) погоди и пречка.
Вториот неуспех денес го направија кошаркарите со поразот во домашната АЦБ лига од Кахасол (81-75)
И Барса Алуспорт (футсал) не успеаа да победат, играјќи 5:5 во Палау Блауграна.
Денес лош ден за Барселона (резултатски)