Фабрегас подготвен за натпреварот против Севиља

Фабрегас подготвен за натпреварот против Севиља

 

Фабрегас е фит, подготвен да се врати на теренот по пауза од три недели поради повреда на тетивата.
 
"Цеск Фабрегас повторно е фит. Денеска медицинскиот тим му даде зелено светло" - објави Барселона на својата официјална страна.
 
"Фудбалерот од средниот ред пропушти три натпревари поради повреда, но ќе биде добар за натпреварот во сабота и би можел да настапи против Севиља".
 
"Фабрегас беше во одлична форма пред повредата, со пет гола во девет натпревари, нудејќи му опции во средниот ред на тренерот кои ги немаше".
 
За натпреварот против Севиља кој се игра на Камп Ноу, Барса нема да може да смета на повредените, Пике, Санчез и Афелај.