Поразот на Аргентина од Венецуела со 1-0 во квалификациите за Светското првенство 2014 ќе ја промени стратегија на Пеп Гвардиола за претстојниот натпревар со Сантандер во рамките на Примера.
Тренерот на Барса размислувал да го остави Лионел Меси надвор од првиот тим за време на овој дуел но сега го променил решението и најверојатно аргентинецот ќе го започне дуелот од првата минута.
Во текот на месец септември, Пеп постапи на ист начин, на натпреварот со Реал Сосиедат го остави Меси надвор од првиот состав, неговиот тим тогаш водеше со 2-0 но на крајот мораше да се задоволи со само еден освоен поен, па сега стратегот не сака да го повтори истото.
Покрај тоа Меси одлично се снаоѓа во дуелите против кантабријците, на кои до сега им има постигнато 8 погодоци во 11 одиграни натпревари. Доколку натпреварот оди добро, најверојатно Меси вториот дел ќе го проследи од клупата.

Се очекува дека и Андрес Иниеста ќе го започне дуелот, со цел да влезе во натпреварувачки ритам пред идните искушенија кои ги очекуваат каталонците.