Менаџерот на Барселона, Пеп Гвардиола изјави дека тој верува дека неговите играчи си ги знаат своите граници.
Абидал настапуваше за Франција во натпреварот за квалификации на ЕП против Босна и Херцеговина, и покасно изјави дека играл со повреда, но Гвардиола изјави дека им верувал на членовите на неговиот тим дека знаат кога да играат и кога не.
“Информацијата која ја добивме од докторите е дека Ерик Абидал пристигна назад во добра состојба. Тој беше одлично во последните два дена откако играше за Франција. Не зборуваме за деца овде.” изјави Гвардиола.
“Kога играчите одат да играат за националниот тим нивните тренери не им кажуваат дали можат да играат на еден натпревар а не на друг. Овие се големи играчи кои изиграле многу натпревари и имаат големо лично искуство.”
“На првиот натпревар, Абидал не играше, иако можеше, и беше голем натпревар за Франција но тој не се чувствуваше најдобро.”
“Тој играше на вториот натпревар затоа што се знае себеси доста добро, посебно после сето она низ што помина. Тој знае кога е добро и тогаш игра.”