Најава : Барселона - Севиља 22 : 00 часот АЛФА ТВ

Најава : Барселона - Севиља 22 : 00 часот АЛФА ТВ

Најава: Барселона - Севиља, вечерва, 22 часот...

- Покрај Леванте, Барса и Севиља се единствените тимови во Примера кои сеуште немаат пораз. Кој ли ќе го запише вечерва првиот? или ќе останат непоразени? ќе видиме за нешто повеќе од 3 часа.
- Барса на домашен терен има 4 победи од 4 натпревари со импресивна гол разлика од 21-0, или нешто повеќе од „петарда“ по натпревар. Додека Севиља нема победа на гостински терен (3 нерешени од 3 натпревари) со гол разлика 2-2
- Пеп Гвардиола нема пораз од Севиља како тренер на Барса.
- Барса нема пораз во Примера 11 натпревари по ред.
- Валдес е на само 60 минути од изедначувањето на сопствениот рекорд од 577 минути без примен гол
- Севиља има најмногу примени голови во Барселона од било кој друг клуб во Примера (188).
- Чави (390) може да се изедначи вечерва со Мигел (391) по бројот на најмногу настапи во Ла Лига.
- Севиља е вториот најомилен противник на Лео Меси, на кои им има дадено 13 голови, исто колку и Давид Виља.
- Вечерва кај Барса после повредата се враќа Фабрегас, кој најверојатно ќе биде на клупата од почетокот.
- Кај Севиља ќе недостасуваат тројца клучни играчи: дефанзивецот Спахич, крилниот напаѓач Пероти и централниот напаѓач Алваро Негредо. Додека кај Барса ќе ги нема Санчез и Пике, од позначајните.
- Коефициентот (според Bwin) за победа на Барса е 1,12.
- Последниот дуел на Камп Ноу помеѓу Барса и Севиља (минатата сезона) заврши со „петарда“ за Андалузијците.

Еве еден од можните состави за вечерва:
(3-4-3): Валдес - Алвес, Пујол, Маскерано - Бускетс, Чави, Иниеста, Тјаго - Педро, Меси, Виља

 

Линкови за следење на натпреварот :