Најдобриот фудбалер во светот Лионел Меси има каталонски корени и е далечен роднина на Бојан Кркиќ. Ова го откри проучувањето на каталонскиот весник Diari Segre.
Прапрародителите на двајцата фудбалери биле браќа. Рамон Перес Јобрера од родот на Меси и Гонсал Перес Јобрера од родот на Бојан биле деца на Маријано Перес Маријес и Тереса Јобрера Мингет, кои се венчале во далечната 1846. година. Прабабата на Меси се сели во Аргентина а десетици години подоцна генијалниот Лионел се раѓа во Росарио. Куриозно фудбалот повторно го враќа назад во Каталонија, каде што игра во полн Сјај.