Што всушност се случувало пред Ибрахимовиќ да ја напушти Барселона?

Што всушност се случувало пред Ибрахимовиќ да ја напушти Барселона?

 

Во автобиогравската книга, која треба да излезе во текот на овој месец, шведскиот интернационалец открива дека ’одел по облаци’ кога се преселил во Барселоона, но подоцна неговиот престој на Камп Ноу станал неподнослив па во одреден период низ неговите мисли поминувала и идејата да стави крај на кариерата.

 

Во еден момент Златан Ибрахимовиќ не можел да издржи, експлодирал па му кажал на Пеп што точно мисли за него. Во жолчна расправија која се случила по средбата со Виљареал, Ибра на стратегот на Барса му кажал ’ти немаш мадиња’ и ’се плаши од Мурињо’.

 

По ваквиот развој на настаните напаѓачот знаел дека мора да замине од Камп Ноу и кариерата ја продолжил во Милан.

 

“Преселбата во Барселона беше остварување на детски сон, одев по облаци.” – неколку шведски весници го цитираат Ибра што напишал во својата книга. “Имав добар почеток, но потоа Меси почна да зборува.”

 

“Тој сакаше да игра во централниот дел од нападот, не на крилната позиција, па тренерот го промени системот на игра. Јас бев жртвуван и повеќе ја немав слободата на теренот која ми беше неопходна за да успеам.”

 

“Пеп преферира да го направи Меси среќен па го исполни неговото барање.”

 

“Затоа побарав состанок со Гвардиола – да разговараме, не да се караме. Му кажав дека сум употребуван на погрешен начин и дека не требале да ме купат доколку им бил потребен друг тип на напаѓач.”

 

“Јас сум Ферари, а ти ме возиш како Фиат.”

 

По овој состанок, односот помеѓу Пеп и Ибра бил влошен, стратегот не сакал да го погледне напаѓачот.

 

“Се чинеше дека разговорот помина добро, но потоа Гвардиола го прекина односот со мене. Кога јас ќе влезев во просторијата тој ја напушташе. На сите ќе им кажеше здраво, мене ќе ме игнорираше.”

 

Ибра вели дека во прв момент тој дал се од себе за да се адаптира, но потоа повеќе не можел да издржи.

 

“Сторив многу за да се адаптирам – фудбалерите на Барса се како ученици, го следат тренерот слепо, додека пак јас бев навикнат да прашувам ’зошто?’”

 

“Ми се допаѓаат момци кои поминуваат на црвено светло, не оние кои се педантни и сторго ги следат правилата. Па се обидував да бидам фин, да не го загубам мојот темперамент.”

 

“Но по проблемите со Пеп престанав да се адаптирам. На пример, на фудбалерите на Барселона им е забрането да одат на тренинг со спортски коли.”

 

“Јас мислев дека ова е смешно – никој не треба да се грижи што кола возам јас – па во април, пред средбата со Алемрија, дојдов на тренинг со моето Ферари Енцо. Така направив сцена.”

 

Ибра потоа ја опиша расправијата со Пеп што ја имал во мај месец и по која станало јасно дека напаѓачот нема иднина на Камп Ноу.

 

“Пеп само гледаше во мене, а јас целосно се изгубив. Му се дерев: ’Ти немаш мадиња!’ И најверојатно многу полоши работи од тоа.”

 

“Додадов: ’Ги полниш гаќите од Мурињо (тогашниот тренер на Интер, кој ја елиминираше Барселона во полу-финалето во Лигата на Шампионтие). Можеш да одиш во пеколот’.”

 

“Фрлив кутија полна со тренинг опрема, а Пеп не рече ништо, само ги врати работите во кутијата.”

 

“Не сум насилен, но доколку бев на позицијата на Гвардиола, ќе бев преплашен.”

 

Ибра, по советите од неговата сопруга, се обидел да се помири со Гвардиола и да се бори за место во тимот и покрај тоа што на Камп Ноу пристигна Давид Виља.

 

Но Гвардиола не сакал да разговара, па Ибра во август се пресели во Милан каде што се чувствува ’прилично како дома’.