Виља смета дека придобивките се големи кога се игра покрај најдобриот фудбалер во светот.
Во последните три сезони Меси е најдобар стрелец во Лигата на Шампионите, период во кој Барселона освои две шампионски титули во елитното европско натпреварување.
Виља кој во Барса пристигна од Валенсија летото 2010, постигна 23 гола во сите натпреварувања за каталонскиот клуб во својата деби сезона.
Тој оваа сезона веќе постигна шест гола за Барселона, а за неговата добра форма заслуите ги препишува и на Лео Меси.
"Меси е фудбалер кој бара многу од оние кои играат покрај него бидејќи во секој момент мора да внимавате" - вели Виља за El Pais.
"Понекогаш мислите дека е невозможно да ве види, но сепак ве видел".
"Како резултат на играњето покрај него, тој ми помогна да напредувам".
Виља: Меси ме направи подобар фудбалер