Камп Ноу

 

 

 

Барселона на почетокот играше на Камп де ла Индустриа. Капацитетот бил околу 10.000, и функционерите на клубот сметале дека објектите се неадекватни за клуб во кој расте членството.

Во 1922 година, бројот на подржувачи ја надминал бројката од 20.000 и со позајмување на пари на клубот, Барса можела да започне со градење на поголемиот стадион Камп де ле Кортс, којшто имал првичен капацитет од 20.000 гледачи. По Шпанската Граѓанска Војна клубот почнал да привлекува повеќе членови и поголем број на гледачи на натпреварите. Ова доведе до неколку проекти за проширување на : централната трибина во 1944година, јужната трибина во 1946 година, и конечно северната трибина во 1950 година. По проширувањето, Лес Кортс можел да смести 60.000 гледачи.

Во 1980 година, кога требало стадионот да се редизејнира за да ги исполни критериумите на УЕФА, клубот собирал пари со тоа што им ја нудел на подржувачите можноста да го испишат нивното име на циглите за мала сума. Идејата била популарна кај подржувачите, и илјадници луѓе ја платиле сумата. Подоцна ова станало центар на контроверзи кога медиумите од Мадрид ја објавиле веста дека на една од циглите било испишано името на долгогодишниот претседател на Реал Мадрид и подржувач на Сантијаго Бернабе Франко . За подготовките на Летните Игри во 1992 година два реда со седишта биле изградени над претходниот покрив. Имал моментален капацитет од 98 787 со што бил најголемиот стадион во Европа.

Откако било завршено проширувањето немало повеќе место за ново проширување на Лес Кортс. Освојувањето на двете Ла лига титули во 1948 и 1949 година и потпишувањето на Лазло Кубала во јуни 1950 година, кој подоцна ќе постигне 196 голови во 256 натпревари, ќе привлече поголем број на публика на натпреварите. Клубот започнал да прави планови за нов стадион. Изградбата на Камп Ноу е започната на 28 март 1954 година, пред 60.000 фанови на Барса. Првиот камен на идниот стадион бил ставен на место под покровителство на гувернерот Фелипе Аседо Колунга и со благослов на архиепискотпот на Барселона Грегорио Модрего. Изградбата траела три година и завршила на 24 септември 1957 година по цена од 288 милиони пезети , 336 % над буџетот.

Исто така има и други објекти, што вклучуваат:

    • Ciutat Esportiva Joan Gamper (Терен за тренинг на ФК Барселона)
    • La Masia (Престој на млади играчи)
    • Mini Estadi (Дом на резервниот тим)
    • Palau Blaugrana (Спортска арена на ФК Барселона)
    • Palau Blaugrana 2 (Втора спортска арена на ФК Барселона)
    • Pista de Gel (Лизгалиште)
    • На една од трибините испишано е мотото на Барселона , "Més que un club", што значи 'Повеќе од Клуб'